×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детали за сообраќајката кај Облавце во која загина едно лице

    11.08.2019 10:23 | KumanovoNews

    Филип А.(27) од Куманово, возач на џипот „Чироки“, со бугарски регистарски таблички, го изгуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, во близина на селото Облавце, Општина Старо Нагоричане.

    Детали за сообраќајката кај Облавце во која загина едно лице

    Повредени се: сопатниците во џипот С.Б.(28), Б.С.(26) и М.С.(23) сите од Куманово, возачот на „Алфа ромео“ Д.А.(38) и возачот на камионот „Волво“ М.А.Ѓ.(42).

    Според МВР, сообраќајката се случила вчера во 14.10 часот помеѓу патничко моторно возило „Чироки“ со бугарски регистарски ознаки,  управувано од Ф.А., патничко моторно возило „Алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А. од Куманово и товарно моторно возило „Волво“ со турски регистарски ознаки,  со приклучна приколка „Караолан“,  управувано од М.А.Ѓ. од Република Турција.

    На местото на настанот починал возачот на „Чироки“ Ф.А. Сопатниците во истото возило  С.Б., Б.С. и М.С., возачот на „Алфа ромео“ Д. А. и возачот на товарното возило „Волво“ М.А.Ѓ. се пренесени во Општа болница во Куманово.

    Кај Б.С. и М.А.Ѓ. констатирани се тешки телесни повреди и пренесени се на лекување на Скопските клиники, додека кај С.Б., Д. А. и М.С. констатирани се телесни повреди.

    Товарното возило „Волво“, по сообраќајната незгода се запалило и изгорело.

    Според очевидци, до сообраќајката дошло кога џипот кој се движел во свадбена колона кон Крива Паланка, во еден момент излегол во средната лента за претекнување при што од непознати причини изгубил контрола и преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со камионот кој се движел од спротивната насока. На нив налетал и друг автомобил алфа ромео, кој за да го избегне судирот се превртел.

    Луѓе кои учествувале во спасување на повредените велат дека возачот починал на самото место, додека неговите сопатници- тројца другари кои тргнале на свадба, еден е тешко повреден а двајцата други полесно. Возачот на камион, турскиот државјанин бил заглавен во кабината на камионот, па во последен момент успејале да го извадат пред да експлодира резервоарот со гориво.

     Турскиот камион превезувал учебници за Албанија, кои откако се запалиле гореле со саати, па постоела опасност пожарот да се прошири и кон селото, поради што покрај противпожарната единица од Куманово и Старо Нагоричане, интервенирала и механизација од ЈКП „Козјак“.

    Увид е извршен од страна на Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Куманово.

    KUMANOVONEWS.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.