500x100-1
23. 07. 2019 13:47

Детска ликовна и литературна работилница ќе се одржи во Центарот за култура

Детска ликовна и литературна работилница ќе се одржи во Центарот за култура

 Во Фоајето на Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“, во четврток од 11 до 13 часот ќе се организира Детска ликовна и литературна работилница.

Работилницата се организира по вторпат, бидејќи минатата година предизвикала голем интерес и посетеност од дечињата.

„Оваа година програмата е надополнета и со пишување на стихови. Ние ќе поставиме штафелај, клупи, ќе им дадеме на децата материјал за боење од темперни, водени бои, хамери, блокови итн., т.е се` што ќе им биде потребно да цртаат. Со оваа работилница ќе им се даде можност на децата да го покажат својот талент и да напишат стихови, за кои ќе добијат благодарнници, како и претходната година“,- вели Сашо Тодоровски, директорот на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“, Куманово.

Целта на оваа работилница е, како што вели директорот, да се даде можност за културна промени во градот, затоа што Центарот за култура е институција која им припаѓа на граѓаните.

  (Ф.М.)