×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет предлог проекти за социјална инклузија прoизлегоа од форумските сесии

    17.09.2019 13:21 | KumanovoNews

    Девет предлог проекти од областа на социјалната инклузија, произлегоа од граѓаните кои изминатиот месец учествуваа на форумските сесии што ги организираше Општина Куманово и УНДП, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.

    Девет предлог проекти за социјална инклузија прoизлегоа од форумските сесии

    Предложени се проектите: опремување и адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица и лица со посебни потреби, отворање на Центар за помош на деца на разведени родители, основање на Хаб – центар за млади и млади таленти, создавање на сервис за стари лица со вклучување на волонтери, адаптација на покривот и столаријата во ООУ „Браќа Миладиновци“, оформување на спортски катчиња за урбана и рурални средини со простор за спортување на деца со посебни потреби, инфрастрктура за лица со попречености, отворање на  Центар за ран детски развој во селата Доброшане и Умин Дол.

    „Она што нас не радува како Општина е дека имаме девет квалитетни концепти кои веќе се преточија во проекти. Ентузијазмот на самиот форум ни покажа дека граѓаните се за социјална инклузија. Месните, урбаните заедници, основното, средното образование, општинската администрација, советниците даваат силна поддршка во овој форум“, - изјави Маја Петровска, координатор на проектот.

     Проектите за инфрастрктура за лица со попречености и отворање на Центар за ран детски развој во с.Умин Дол не ги исполнуваат критериумите и тие се отфрлени,  додека за останатите 7 проекти, на четвртата сесија, граѓаните со право на глас, ќе одлучуваат на кого ќе биде доделен проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбеден од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку имплементаторот УНДП.

    Сесијата ќе се одржи на 15 октомври во 11 часот во Центарот за култура во Куманово.

    За потсетување целтта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF). Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајакнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.