×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: На прав пат сме - работиме да го направиме Куманово успешна приказна

    12.10.2019 16:47 | KumanovoNews

     Работиме да направиме успешна приказна од Куманово да оставиме трајни дела, да го смениме ликот на градот, кој оваа година прославува пет века од своето постоење, истакна на граѓанската трибина „На прав пат“ градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

    Димитриевски: На прав пат сме - работиме да го направиме Куманово успешна приказна

    Три мандати претходната централна власт го дробеше Куманово на ситен камен, со нула капитални инвестиции во времето Груевски и на оние што збришаа од државата, рече Димитриевски, додавајќи дека истовремено на општина Прилеп и биле доделени 40 милиони евра за развој.

    Има многу проекти кои ги сработивме и кои ќе ги сработиме, за да го транформираме Куманово во модерна и урбана средина, рече Димитриевски, наведувајќи ја и реконструкцијата на Соколаната, други спортски сали, планираната изградба на кружен тек на влезот во градот, атмосферска канализацијата итн.

    Гледам многу нови лица и многу ми е мило и сите сте добредојдени на правиот пат,  вистинскиот пат затоа што Македонија заслужува многу повеќе од она што беше, истакна на граѓанската трибина „На прав пат“, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.