500x100-1
05. 12. 2018 17:38

Димитриевски во Брисел го прими признанието Куманово – Град на спортот

Димитриевски во Брисел го прими признанието Куманово – Град на спортот

Градоначалникот Максим Димитриевски вчера, во Европскиот парламент во Брисел, ја прими наградата  за Куманово – Град на спортот за 2019 година.

Наградата му беше врачена од претседателот на Европската Асоцијација на градови на спорт (ASEC) – Џиан Франческо Лупатели, во присуство на останатите 30 градово добитници од Европа.  Градоначалникот Димитриевски отпатува на свеченоста во Брисел придружуван од олимпијците Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и претседателот на КК Куманово Александар Крстевски.

- Благодарност до надлежните во асоцијацијата што ни ја доделија оваа награда, којашто обврзува, да вложуваме и инвестираме дополнително во спортот. Куманво било спортски град и град на олимпијци, и во иднина ќе ја продолжи традицијата. Им благодарам на сите спортски работници кои се вложуваат во развојот во спортот, - изјави Димитриевски.

Куманово е прв град во Република Македонија кој го има добиено оваа престижно признание кое се темели на досегашните спортски достигнувања, развојот на спортот на сите полиња, категории и возрасти, изградбата на спортски капацитети и спортската култура, кои беа оценувани низ тримесечни анализи на асоцијацијата.