×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 28 февруари пријавување на данок на добивка и годишен данок

    01.02.2011 09:36 | KumanovoNews

    Сите правни лица, кои оствариле добивка од вршење на дејност во земјата и странство, или организациони единици кои остваруваат добивка од вршење на дејност на територија на РM, имаат обврска најдоцна до 28 февруари 2011 година да поднесат „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“.

    До 28 февруари пријавување на данок на добивка и годишен данок

    Исто така малите или микро трговци кои извршуваат стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во последните три години, односно во 2008, 2009 и 2010 година, од кој било извор оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“ за деловната 2010 година, имаат обврска да поднесат:

    * Даночен биланс на вкупен приход

    * Пријава за регистрација на трговско друштво за примена на годишен данок на вкупен приход

    Доколку се веќе регистрирани за целите на “годишен данок на вкупен приход“ во УЈП и доколку оствариле вкупен приход во 2010 година не повеќе од 3.300.000 денари имаат обврска да го достават само образецот ДБ-ВП.

    Ненавремено или неподнесување на даночните пријави во законски предвидениот рок 28 февруари 2011 година, се смета за прекршок за кој е предвидена глоба од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност, како и глоба од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

    Поради обемот и динамиката на поднесување на извештаи, биланси, пријави... до УЈП во периодот јануари-март, ви препорачуваме навреме да ги исполните вашите обврски за да ги избегнете метежите во даночните канцеларии.