×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До крајот на месецот ќе се отвори првата катна гаража во градот

    15.05.2019 15:09 | KumanovoNews

    Во наредните две недели ќе се пушти во употреба првата монтажна катна гаража, која се наоѓа на паркингот до Центарот за култура во Куманово.

    До крајот на месецот ќе се отвори првата катна гаража во градот

    Изградбата на катната гаража требаше да заврши уште во месец март, но поради одредени технички проблеми, приклучок на фекалната канализација и системот за снабдување со електрична енергија, работaта се пролонгирала.

    „Градежните активности се одвиваат согласно планот. Непредвидени активности ја развлекоа изведбата и пуштањето во употреба, но како што гледате овој времен објект е во последна фаза од изградбата и уште во текот на овој месец ќе биде пуштен во функција, откако Совето ќе го предаде на користење на ЈП „Куманово- паркинг“. Се надевам дека до крајот на месецот ќе биде ставена во функција откако ќе се изврши технички прием на објектот“, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Градоначалникот најавува дека гаражата ќе биде од времен карактер и ќе стои на тоа место додека не се изгради подземна гаража во централното градско подрачје, која ќе ги задоволи потребите за паркирање на граѓаните.

    „Катната гаража ќе биде лоцирана на ова место времено, се до конечна изградба на подземна катна гаража на локацијата „Чоробенско ќоше“, согласно проектот за изградба на општинската зграда и деловниот објект, кој е предвиден и прифатен од Советот. Што значи дека оваа гаража ќе стои тука се додека не ги зголемиме паркинг местата во централно градско подрачје“, - додава Димитриевски.

    Во состав на гаражата ќе има и санитарни јазли, кои ќе се користат како јавни тоалети од монтажен карактер.

    Според надлежните катната гаража ќе обезбеди осумдесетина паркинг места, а нејзината изградба чини 250.000 евра.  

    Изградбата на катната гаража во центарот на Куманово ги подели граѓаните. Повеќето се противеа на ова монтажно решение и го сметаат за чист промашај, бидејќи не е естетско ни функционално, затоа што ги затвора плоштадот и Центарот на култура, а обезбедува минимални паркинг места во однос на оние што ги имаше на стариот паркинг простор. Градоначалникот не попушти под притисокот на јавноста и ја реализираше идејата правдајќи ја како неопходна.

    Времето ќе покаже кој е во право.