×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До нова година треба да заврши изградбата на пругата Куманово-Бељаковце

    02.03.2019 22:17 | KumanovoNews

    До крајот на годината ќе завршат градежните работи на железничката пруга Куманово- Бељаковце, со што ќе заврши првиот дел од делницата на кордорот 8 од Куманово до Република Бугарија, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески..

    До нова година треба да заврши изградбата на пругата Куманово-Бељаковце

    „Нашите очекувања се дека до наредната година оваа пруга ќе биде комплетно завршена, а истовремено ќе биде започната и втората делница на пругата Бељаковце - Крива Паланка, каде што имаме гранд средства од 68 милиони евра. Согласно роковите пругата од Куманово до Бугарија треба компленто да биде завршена до 2025 година. Со склучувањето на меморандумот за железничко поврзување со Бугарија покажува дека ќе направиме се да се зголеми економскиот развој во државата, но и да направиме економско поврзување со другите држави и на тој начин да можат компаниите да ги освојуваат и другите пазари, - изјави министерот Горан Сугаревски, при обиколка на работите на пругата во селото Шупли Камен со својот колега Кочо Анѓушев и директорот на  Македонски железници - инфраструктура Ирфан Асани.

    Вицепремиерот Анѓушев смета дека ова траса е историска затоа што се гради 15 години, а биле изградена само 23 проценти, кога тие ја наследиле.

    „За овие година ипол напредокот е до 43 отсто или со други зборови некаде околу 70 отсто од градежните активности. Сите подготвителни работи во делот на документацијата веќе се решени и сега ни преостанува само интензивно да се работи на терен и јас очекувам дека процентите на имплементација и реализација ќе растат значително. Знаете дека ова е прва од трите делници на пругата према Бугарија, -  изјави вицепремиетор Анѓушев.

    Првата делница Куманово- Бељаковце е во должина од 30 километири и чини околу 40 милиони евра, втората траса Биљаковце- Крива Паланка 140 милиони евра од кои 68 милиони евра се гранд, третата делница Крива Паланка - граничен премин Бугарија е најскапа и поминува низ планина изнесува 405 милиони евра, од кои  60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра.

    Директорот Асани вели дека се изградени најпроблематичните делови на пругата иако тие се на половина од  работите, односно дека селото Шупли Камен се наоѓа на 15 километи од трасата.

     Тој додава дека се во постојан контакт со Бугарските железници и дека веќе постои договор, во кој е превидено тунел да ги поврзува пругите на двете земји. Изградбата на тунелот ќе започна истовремено во двете земји.  Министерот за транспорт на Бугарија во среда ќе допатува во посета на Македонија, каде ќе се разговара до каде се градежните активности во соседството за железничкото поврзување на двете земји.