×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До понеделник ќе биде пуштен во употреба кружниот тек на влезот во Куманово

    05.11.2019 10:22 | KumanovoNews

     До Денот на ослободувањето на градот, односно до празникот 11 Ноември, се очекува да заврши изградбата на кружниот тек на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Трета МУБ“.

    До понеделник ќе биде пуштен во употреба кружниот тек на влезот во Куманово

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека имале сериозни технички проблеми при негова реализација, поради недефиниранатата подземна инсталација, но сепак проектот ќе заврши во рамките на предвиденото време.

    „Во овој случај нема да сечеме лента ни за пуштање на кружниот тек, бидејќи тоа го доживувам како секојдневна моја работна задача и работна задача на сите вработени во Општината. Во моментот работиме, согласно тековните активности, и истиот кружен тек ќе биде ставен во фунција на сообраќајот до празникот 11 Ноември, а дополнително истиот ќе биде завршен, кортикултурно уреден од страна на ЈП „Чистота и зеленило“, веднаш по празниците",- изјави Димитриевски.

    Целта на изградбата е со модерни сообраќајни решенија да се намали метежот во сообраќајот, а како што најави и градоначалникот, наредната година се очекува работа на уште вакви сообраќајни решенија.

    Ова е првиот кружен тек во Куманово, а неколку раскрсници во градот се сметаат за црни точки во сообраќајот.

    Изградбата е во рамките на развојната програма на Општина Куманово, заедно со изградба и реконструкција на улици.