×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доцни новогодишното украсување на Куманово

    20.12.2018 15:08 | KumanovoNews

     До недела ќе заврши новогодишното украсување, и Куманово ќе биде подготвено за најлудата ноќ во годината. Ова го тврдат одговорните во ЈП „Куманово-паркинг“, по обвинувањата на граѓаните дека украсувањето доцни, па во градот не се чувствува предновогодишна атмосфера.

    Доцни новогодишното украсување на Куманово

     Украсувањето отпочна денеска, а во наредните два-три дена ќе биде целосно завршено. Како и минатите години, ќе биде опфатено централното градско подрачје, двата плоштади, улиците Гоце Делчев, 11 Октомври, Ленинова, Доне Божинов, булеварите Октомвриска револуција и Трета МУБ. Украсувањето ќе биде приближно исто како лани, ќе има голема елка на градскиот плошта и светлечки украси на улиците. Се надеваме дека граѓаните ќе бидат задоволни, - изјави директорот Фадиљ Шабани.

    За украсување и декорирање на градот задолжена е скопска фирма. Потрошени се 1,2 милиони денари или 300.000 денари помалку во однос на предходната година. Директорот тоа го објаснува со тешката финансиска состојба во Општината и претпријатието, поради што било одлучено да се извојат скромни средства за таа намена. Градот ќе остане украсен до 15 јануари наредната година.

    Украсувањето доцни поради долгите тедерски постапки при изборот на фирмата изведувач, се правдаат надлежните.

    За богато украсување на градот, според нашите соговорници, потребни се околу 2,5 милиони денари.  Град Скопје за украсување ќе потроши 260.000 евра, а Струмица 2,5 милиони денари.