×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Догодина општините ќе управуваат со државното земјиште

    18.11.2010 23:06 | KumanovoNews

     Општините ќе управуваат со државното градежно неизградено земјиште од јули идната година. 

    Догодина општините ќе управуваат со државното земјиште

    Како што информираат од Министерството за транспорт и врски целиот процес на отуѓување и давање под закуп на градежното земјиште ќе се води во општините кои ќе ги исполнат  пропишаните услови во предлог законот.

    Општините за да располагаат со градежното земјиште ќе треба да имаат изготвено едногодишна програма, да имаат потребен број овластени  вработени, комисија за јавно наддавање како и електронски систем за јавно наддавање. Во моментов ниту една општина не ги исполнува овие услови.

    Цената на земјиштето ќе ја одредува градоначалникот во соработка со советот, а  Владата ќе дава согласност за висината цената. При продажба на земјиштето 80 отсто од парите ќе одат на сметката на општините, а останатите 20 ги задржува државата.

    Оној кој ќе го купил земјиштето не смее да го препродаде додека не добие употребана дозвола за изградениот објект.

    Доколку не се почитува законот во министерството или во локалната самоуправа казните ќе се движат од 2.000 до 9.000 евра, а на одреден рок ќе им бидат одземани ингеренциите.