×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Документарниот филм „Вања: Со маки сум се родила“ прикажан во Куманово

    29.10.2019 07:59 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, вчера пред кумановци беше прикажан документарниот филм „Вања: Со маки сум се родила“ во режија на Синиша Евтимов, посветен на животот и делото на легендарната пејачка на македонските народни песни Вања Лазарова.

    Документарниот филм „Вања: Со маки сум се родила“ прикажан во Куманово

    Промоторот на документарниот филм беше нејзиниот долгогодишен пријател и менаџер Иво Јанковски, кој се присети на деновите кога за првпат се запознале со Вања и направиле многу заеднички концерти во регионот и надвор од него.

    „Вања, пред се' беше голем човек. Да не зборуваме само за нејзините вокални способности, таа беше една таква мирна, мила и кротка жена, со особена љубов и внимание за сите, а особено за музичарите со кои соработуваше. Вања беше отворена личност и нејзината загуба не е загуба само за нејзиното семејство, туку и за цела Македонија",- рече Јанковски.  

    Вања во филмот зборуваше за нејзиниот живот со песната и за тоа како е да се живее напоредно со она што го пее стихот, и дека секогаш кога настапувала и на светската сцена дека со себе ги носела нејзините најблиски.

    Лазарова особен придонес има остварено и во соработката со групата „Анастасија", за музиката на филмот "Пред дождот" на Милчо Манчевски, кој ја доби наградата "Златен лав" во Венеција.

    „Вања стана една од исконските, архетипски моменти во филмот“- вели режисерот Милчо Манчевски во документарниот филм.

    Златко Ориѓански потенцира дека она што фасцинира кај неа е и тоа што таа не е академски музичар, а сепак сето тоа го знае природно.

    „Во нејзиниот глас како да се содржат сите можни стилови и начини на пеење во македонската музика",- ќе рече во филмот Ориѓански.

    Пејачката Есма Реџепова, во документарецот признава дека таа се обидела да ја препее песната "Со маки сум се родила", но никогаш не звучела толку убаво како песната на Вања.

    „Нејзината песна е саундтрак на најубавата Македонија и на културното наследство кое на суптилен начин ни се обраќа и ни раскажува за нашиот идентитет",- додава и Влатко Стефановски.

    Вања Лазарова иако беше легендарна пејачка која ги има испеано песните „Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, како и стотина други македонски изворни народни песни, а е и првата македонка која снимила плочи за најголемите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“, беше заборавена од институциите и беше сместена во старечки дом со скромна пензија.

    Лазарова еден период од младоста живеела во Куманово и во нејзиниот опус се многу песни токму од овој крај.

    Во 2014 година, јавноста излезе со онлајн петиција за Вања да добие национална пензија, со што таа ја доби наградата „11 Октомври“, со што по автоматизам доби и пензија од Министерството за култура.

    Почина во март 2017 година во Скопје на 86 годишна возраст.