×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Донаторската акција „Нахрани 10.000“ во осум градови во земјава

    15.10.2018 06:46 | KumanovoNews

    По повод Светскиот ден за борба против гладта, утре од 10 до 19 часот на 33 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000".

    Донаторската акција „Нахрани 10.000“ во осум градови во земјава

    Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.

    „Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да си обезбедат храна во текот на денот, односно имаат во просек по еден оброк дневно. На овие 33 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани низ Македонија“,- соопштија од асоцијацијата „Ајде Македонија“, која е предводник на мрежата „Сите сите“, која вклучува над 30 организации низ Македонија и работи на донирање храна.