×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ избра ново партиско раководство

    28.12.2009 08:39 | KumanovoNews

    Бобан Јаќимовиќ, стоматолог од Куманово е новиот претседател на општинската организација на ДПСМ Куманово. Заменик претседател е Саша Николиќ, а за секретар е реизбран Зоран Тошиќ. Новото раководство ја доби довербата на делегатите на вонредно Собрание што синоќа се одржа во поранешен Комитет.

    ДПСМ избра ново партиско раководство

    Ова е најголем успех во мојата кариера, бидејќи со политика се занимавам веќе десетина години. Предизвик е да се биде носител на една од најодговорните функции во партијата. Ќе продолжам по патот на развојот на демократијата во партијата, за да ја направиме што помодерна и поквалитетна. Јас неколку години сум заменик претседател во општинската организаци, ги знам сите проблеми со кои се
    соочува и подготвен сум да се носам со сите предизвици - рече Јакимовиќ по изборот.

    Поранешниот претседател Горан Стојковиќ поднесе оставка откако беше избран за генерален секретар во партијата и директор на ЈП „Македонија пат“. Тој смета дека не треба да се акомулираат функциите во партијата. На Собранието даде извештај за својата досегашна работа, при тоа осврнувајќи се и на периодот пред локалните избори кога ДПСМ одлучи да влезе во коалицијата „За подобра Македонија“.

    Најголемиот дел од нашите членови ја прифатиja одлуката освен неколкумина, сега веќе поранешни членови кои сакаа ситуацијата да ја искористат за раскол во партијата. Тие сега се на политичкките маргини, и се молат да добијат некаков статус во СДСМ или пак другите станаа радикали, напредњаци или веќе кои. Ова особено го нагласувам бидејќи ДПСМ е демократска партија. Секој има право на свое мислење и свој став. Меѓутоа кога ќе се донесе одлука сите мораат да ја почитуваат - рече Стојковиќ.

    Делегатите ги поздрави и лидерот Иван Стиљковиќ. Тој ги повика Србите во Македонија на единство и здружување заради поефикасно политичко дејствување. Годината што изминува ја оцени за една од најтешките, но и најплодна од постоењето на партијата. При тоа се наврати на активностиоте кои биле реализирани во текот на годината со посебен осврт на локалните избори и посетата на претседателот и министрите на Република Србија во партијата и државата.