×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ: Навистина Доста е!

    15.12.2010 09:50 | KumanovoNews

    По отвореното писмо на Напредната партија на Србите во Македоија упатено до пратеникот Иван Стоилковиќ, стигна реакција од општинскиот одбот на Демократската партија на Србите во Македонија.

    ДПСМ: Навистина Доста е!

    Господо од Партијата за православно единство на Србите и Македонците, т.е. Радикалната партија на Србите во Македонија, т.е. Напредна партија на Србите во Македонија, и ако е од Вас кои во рок од неколку години сменивте неколку партии, навистина е доста! Ние знаеме дека на Вас кои нациналноста ја воведовте како нова професија, односно станавте „Срби по занимању„ ви е многу тешко, затоа што тоа кај Србите веќе не поминува. Сепак искористивте 15 години да се занимавате со српството во Македонија и видете што направивте. За среќа во почетокот на овој милениум се појави нова генерација на млади, амбициозни и образовани Срби, докажани во своите професии кои решија политички да се активираат и да ги решаваат натрупаните проблеми на Србите во Македонија. Нормално во таквата политика нема место за Вас, кои сте „Срби по занимању„ и затоа бевте избркани од Демократската партија на Србите во Македонија. Тука никако не сакаме во ист кош да ги ставам оние чесни Срби кои имаа политичка доблест по осамостојувањето на Македонија да ги организираат Србите, кои секако не се со Вас. По Вашето бркање од ДПСМ, партијата стана модерна, добро организирана партија на која главна цел е заштита на правата на српскиот народ кој живее во Македонија. Од тогаш Србите влегоа во Уставот на Република Македонија, ДПСМ континуирано е парламентарна партија, донесен е Закон за заштита на малцинства во РМ, изгласан е нов закон за празници во кој Св.Сава стана национален празник на Србите во Македонија, формирана е Агенција за малцински права на помалите заедници во Македонија. Србите преку својата партија добија можност да раководат со многу важни институции, претпријатија и органи во државата. Значи станавме етаблиран политички субјект без кој неможе да се замисли политичкото миље во Македонија. Сето тоа го постигнавме под раководство на сегашниот Претседател господинор Иван Стоилковиќ. Нормално тоа на некого му смета! На големите политички субјекти во Македонија им треба маргинализирана, неамбициозна, необразована политичка партија на Србите во Македонија, која ќе ја моделираат како сакаат, односно им требате Вие господо „Срби по занимању“. Затоа без никаков срам, наместо најостро да ја осудите фашизоидната реакција на бившата претседателка на вашиот политички газда или ментор, која да ве потсетам не селеше во Србија и на Косово само затоа што јасно им кажавме дека не можат да ги прекрстуваат српските обележја во Македонија. Вие веднаш удривте најбезобразно и најниско против Србинот кој имаше храброст на вашите фрустрирани ментори во Парламентот да им казе дека недозволуваме да не прекрстуваат и омаловажуваат. Ај, ај, ај јадни ли сте Вие „Срби по занимању“. Едно навистина грешите. Вашите ментори со фашизоидната изјава ги повредија сите што се чувствуваат Срби, не само Иван Стоилковиќ. Изгледа не Ве повредија само Вас. Зарем Вашето српство вреди два – три управни одбори и неколку вработувања. Ние знаеме дека сте формирани да го намалите политичкото влијание на ДПСМ, затоа плуквате по нас за време на локалните избори, плукате секогаш кога го дигаме гласот за добробит на Србите во Македонија. Едно е сигурно, Вие сте обични политички маргиналци кои имаат минимална подршка кај Србите и додека Ве водат политички полтрони и марионети ќе останете на тоа ниво. Оваа Ви е прв и последен пат да реагираме на вашите памфлети затоа што нашата реакција со ништо не ја заслужувате- се вели во соопштението на Општински одбор на ДПСМ Куманово.