×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државен секретар за информатичко општество и негов колега земале мито

    10.06.2019 13:43 | KumanovoNews

     Ј.Ј.(46) од Липково и Ј.Г. (52) од Скопје,  се осомничени дека примале поткуп при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА фондовите.

    Државен секретар за информатичко општество и негов колега земале мито

     Според МВР, осомничените како службени лица, во периодот од јуни 2014 година до август 2015 година од италијанско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7000 евра за да извршат службено дејствие што не смееле да го извршат. Тие како службени лица, пред официјалното објавување на условите за работење на правното лице - апликант на тендерот, му овозможиле детален пристап до доверливи тендерски информации. Со ваквата постапка осомничените иако знаеле дека споделувањето на информации со апликанти или потенцијални апликанти во тендерски постапк е противзаконито, го прекршиле законот и принципите за доверливост и еднаков третман и на правното лице му овозможиле повластена положба и предност во однос на останатите апликанти. Како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА проектот и бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.

     Во  текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие првоосомниченото лице, преку италијанскиот посредник од правното лице во два наврати примило во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, со што се стекнало со значителна противправна имотна корист. Второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари и се стекнало со поголема противправна имотна корист.

    Заради обезбедување докази во правните лица кои биле инволвирани во криминалните дејствија, спроведени се симултани претреси во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Р. Италија. Притоа Министерството за внатрешни работи привремено одзеде повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), УСБ и микро СД мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација, а еден осомничен е лишен од слобода.

     За осомничените, македонски државјани, постои основано сомнение декаво повеќе наврати сториле кривично дело - Примање поткуп предвидено иказниво согласно чл.357 ст.5 во врска со ст.1  во врска со чл.45 од Кривичниот законик. 

    Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба заспречување измама - ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано,Италија, достави замолница за меѓународна правна помош до Основното јавнообвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

    По наредба нанадлежен јавен обвинител, Одделот за сузбивање на организиран и сериозенкриминал спроведе истражни дејствија и обезбедување докази во врска сонерегуларности, измами и корупција во неколку проекти спроведени во различниинституции во нашата држава, финансирани од Европската Унија. Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПАФондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји.