Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот. На дневен ред ќе се најдат 12 точки, а се очекува најинтересна да биде расправата за задолжување на Општината.
Дневен ред:
1.Предлог – Одлука за отпочнување процедура за долгорочно задолжување на Општина Куманово;
2.Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас “ - Куманово за 2009 година;
3.Информација за превземени мерки и активности во текот на првото тромесечие од 2010 година, од страна на ПС од ОН Куманово;
4.Информација за сосотојбите со ученици со посебни потреби во основното образование во Општина Куманово;
5.Предлог - Одлука за давање на трајно користење на движни ствари;
6.Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Ј.П. „Чистота и зеленило“ Куманово;
7.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на саксиско цвеќе, резано цвеќе, пропратен материјал и на сезонско цвеќе од сопствено производство кои ќе се продаваат во продавница на Ј.П. „Чистота и зеленило“ Куманово;
8.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши РЕ Чистота при Ј.П. „Чистота и зеленило“ Куманово;
9.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши РЕ Гробишта при Ј.П. „Чистота и зеленило“ Куманово;
10.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши РЕ Зеленило при Ј.П. „Чистота и зеленило“ Куманово;
11.Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Благој Стефковски - Гојчо”, У.Б. 45 – Општина Куманово;
12.Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Гоце Делчев”, У.Б. 29, плански опфат помеѓу ул. „Лесковачка“, ул. „АВНОЈ“, ул. „222“, ул. „2001“, ул. „111“ – Општина Куманово.