Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово, во среда ќе ја одржи последната седница за оваа година.
На дневен ред се 30 точки, а најзначајна е донесување на Буџетот на Општина Куманово за наредната 2019 година. Останатите точки се поврзани со буџетот и се главно програми за работа на претпријатијата и локалните институции.
Дневен ред
1. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;
2. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2019 година;
3. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2019 година;
4. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2019 година;
5. Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;
6. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2019 година;
7. Работна програма за 2019 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
8. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2019 година;
9. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2018/2019 година;
10. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2018/2019 година;
11. Предлог – Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
12. Годишна програма за 2019 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
13. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2019 година;
14. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година;
15. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2019 година;
16. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура за 2019 година;
17. Предлог – Програма за помош и поддршка на самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово за 2019 година;
18. Предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2019 година;
19. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Куманово за 2019 година;
20. Предлог – Одлука за отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма односно назив на деловна просторија (заклучно со 2010 год.) и данок на имот за правни и физички лица (заклучно со 2008 год.);
21. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2019 година;
22. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2019 година;
23. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2019 година;
24. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2019 година;
25. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2019 година;
26. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за 2019 година;
27. Предлог – Одлука за престанување со важност на Одлуката за отстапување на користење, управување и одржување на деловен простор – сопственост на Општина Куманово, бр. 07-10443/15 од 05 ноември 2009 година;
28. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2019 година за ангажирање на 9 (девет) работници преку агенција за привремени вработувања за потребите на општинската администрација на Општина Куманово;
29. Предлог – Одлука за одземање на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
30. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2019 година.