×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца кумановци осудени на вкупно 26 години затвор за напад на Собранието

    15.03.2019 14:41 | KumanovoNews

    Двајцата кумановците обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017 година, добија затворска казна од 26 години.

    Двајца кумановци осудени на вкупно 26 години затвор за напад на Собранието

    Игор Југ кој носел оружје осуден е на 12 години затвор, додека Вилијам Михајловски Гајда на 14 години затвор.

    Од 18 неамнестирани обвинети за организираниот напад на Собранието, денеска 16 се осудени на вкупно 211 години затвор.

    Најголема казна доби ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години затвор. По 15 години затвор добија Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Влатко Трајковски. Помали казни добија Абдуљфета Алими (7 години) и Александар Василевски Нинџа (8 години).

    Игор Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“, доби ослободителна пресуда.