×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца кумановски актери наградени на фестивалот „Гола месечина“

    22.09.2019 09:41 | KumanovoNews

     Нина Максимова и Марко Трајковиќ од Тетар Куманово, прогласени се за најдобри млади актерка и актер, на овогодинештниот интернационален фестивал на комедија „Гола месечина“, кој се одржа во Скопје.

    Двајца кумановски актери наградени на фестивалот „Гола месечина“

    Кумановскиот театар на фестивалот „Голе месечина“ учествуваше со претставата „Мани, мани, мани“, која е работена според Реј Куни, а е во режија на Горан Илиќ и Бојана Краљевска.

    Преку преставата, со комични ситуации се дава слика за нашето општество: неговата алчност, соновите и кошмарите, секојдневјето на човекот итн. Една од попровокативните сцени е поврзана со аферата „Рекет“ со Боки Трендичи и збрката околу фамозната торба со пари на која не знаат што да и` прават.

    Нина во претставата ја толкува улогата на Наде која зборува на нејзиниот кочански дијалект, мажена е во Охрид а живее во Скопје. Како што самата кажува станува збор за улога на доминантна жена, која секогаш има решение за проблемите.

    „ Оваа награда е мое второ признание што сум го добила досега, но прва професионална и секако дека ми е драга. Се надевам на уште поголеми успеси, лични и колективни“,-вели актерката Максимова.

    Марко ја толкува улогата на Иван Тасевски кој е вработен во банка, има завршено економски факултет, а кога ќе дојде во ситуација пред себе да има торба со пари „збеснува“. Како што кажува актерот, оваа улога опфаќа стереотип на класичен кумановски маж, улога која не може да биде полесна за играње, бидејќи околу нас има вакви примери колку сакаме.

    „Последниот пат кога добив награда беше на фестивалот „Војдан Чернодрински“, по кој за чудо следеше период кога режисерите не сакаа да ме земаат во нивните претстави. Сега, со оваа награда на „Гола месечина“, се надевам дека работите ќе се сменат. Во секој случај, голема е честа да се добие награда на ваков фестивал, кој има потенцијал да прерасне во еден голем фестивал“,- вели актерот Марко Трајковиќ.

     Максимова, 4,5 години е дел од екипата на Кумановскиот театар,  а Трајковиќ, веќе 8 години.