×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дванаесетта седница на Советот на Општина Куманово

    13.06.2018 11:45 | KumanovoNews

     Советниците утре ќе одржат редовна седница. На дневен ред се 15 точки, меѓу кои извештаи за финсиско работење на јавни претпријатија,согласност за нови вработувања според годишниот план, програми за уредување на градежно земјиште, статутарни одлуки и др.

    Дванаесетта седница на Советот на Општина Куманово

    Дневен ред

    1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2018 – 31.03.2018 година;

    2. Извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2017 година;

    3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ - Куманово од 01.01.2018 – 31.03.2018 година;

    4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

    5. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2018 година;

    6. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;

    7. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;

    8. Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година;

    9. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2018 година - дополнување;

    10. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2018 година;

    11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;

    12. Предлог - Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од  У.Е. „Гоце Делчев", дел од Урбан блок 29, плански опфат меѓу ул. „2001", ул. „1", пешачка патека и ул. „222" – Општина Куманово;

    13. Предлог - Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти со решение на крстосница на дел од ул. „Трета МУБ“ и ул. „11-ти Октомври“ - Општина Куманово;

    14. Предлог - Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти со решение на крстосница на дел од ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Пролетерски Бригади“ - Општина Куманово;

    15. Предлог - Одлука за промена на трасата на линиските инфраструктурни објекти на дел од ул. „Гоце Делчев“ на потег помеѓу крстосница со ул. „Борис Кидрич“ и ул. „Трст“ за предвидување на автобуски стојалишта - Општина Куманово.