×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две лица повредени во судир на автомобил и мотор

    22.05.2019 13:49 | KumanovoNews

    Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне  на ул.„Пролетерска“ во село Росоман.

    Две лица повредени во судир на автомобил и мотор

    До несреќата дошло при судир на патничко возило „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Љ.(48) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(19) од село Росоман.

    Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот М.Ѓ. и неговиот 15-годишен сопатник од село Сирково. На двајцата им била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што М.Ѓ. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.