×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две недели нема вода во училиштето во Режановце, се расипал хидрофорот

    20.09.2019 18:45 | KumanovoNews

    Без вода остана подрачното основно училиште „Толи Зордумис“ во село Режановце, откако се расипала пумпата која го снабдува со вода.

    Две недели нема вода во училиштето во Режановце, се расипал хидрофорот

     Родителите се жалат дека децата мораат да носат вода за пиење од дома, не е во функција училишниот тоалет, а не може да се одржува ни хигиената во училиштето, поради што се чувствува непријатна миризба.

    „Немаме вода веќе две недели. Во ве-це одиме дома, рацете ги миеме на селската чешма, а таму го мокриме и сунгерот за вода“,- велат учениците кои денеска беа во училиште.

    Директорот на училиштето Милорад Јордановски во телефонски разговор потврди дека проблемот настанал откако се расипал хидрофорот, но вели дека тие веднаш интевенирале и пумпата е поправена во најкраток можен рок.

    „Имавме ваков проблем. Училиштето веќе десетина дена нема вода, бидејќи беше расипан хидрофорот. Хидрофорот е однесен на овластен сервис во Скопје и како што ни рекоа од сервисот, до утре веќе ќе може да се постави. Таа вода е техничка и децата не ја користеа за пиење, тие и предходно си носеа вода за пиење од дома“,- вели Јордановски.

    За проблемот се информирани и надлежните во Секторот за образование во Општина Куманово, од каде велат дека нема простор за загриженост на родителите и децата, бидејќи во понеделник водоснабдувањето во училишната зграда ќе биде нормализирано.