×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две први места за две основни училишта од Куманово на фестивалот КРЕФ

    09.10.2019 08:46 | KumanovoNews

    Две основни училишта од Куманово, освои две први места во различни категории, на Меѓународниот фестивал на едукативни филмови КРЕФ, кој од 3 до 5 октомври се одржа во Лесковац, Србија.

    Две први места за две основни училишта од Куманово на фестивалот КРЕФ

    Филмот насловен како „Музички предизвик“ под менторство на наставникот по англиски јазик Славица Младеновска од подрачното основно училиште  „11 Октомври“ од Долно Којнаре, беше прогласен како победник во категорија современо образование, додека во категоријата “Креф образовен ресурс 2019” за ученици до 10 години, прво место освои учителката Јелена Мандиќ од ООУ „Вук Караџиќ” со своите ученици од прво одделение.

    - Во филмот беа учениците од V одделение, а носечка инспирација ни беше да се претстави потенцијалот на технологијата и богатството од оригинални и креативни идеи на учениците, - изјави меторката Младеновска.  

    - Учениците креираа едукативен филм како поддршка во реализација на конкретни образови цели. Филмот насловен како “Парни/непарни броеви и овошје/зеленчук” прикажа како во  забавна средина на стимулативен и креативен начин со примена на  едукативни нагледни средства учениците ги усвоија и увежбаа парни/непарни броеви и овошје/зеленчук низ игри, - објаснува учителката Мандиќ.

    КРЕФ е меѓународен фестивал на едукативни филмови во кој учениците од 6 до 18 години под менторство на нивните наставници се натпреваруваат во некоку категории: современо образование, образовен ресурс, игран филм воспитен предизвик и промотивен училишен спот.  Должината на филмовите временски е ограничена од 2 до 5 минути. Фестивалот на едукативни филмови е акредитиран од Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија и подржан  од Учителското друштво Лесковец. Оваа година на фестивалот учество зедоа учесници од неколку земји од Балканот и тоа Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ. На манифестацијата присутните имаа можност да ги погледнат наградените филмови, да присуствуваат на работилница за професионално усовршување и да разменат искуство со колегите од Балканот.