×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден полицаец почина, друг се бори за живот, кумановец ги прегазил додека биле на работа

    21.04.2019 08:24 | KumanovoNews

     Кумановец ноќеска по полноќ прегазил полицајци со мерцедес, при што побегнал па удрил во друго возило и повредил уште две други лица. Едниот полицаец починал на лице место, а другиот се бори за живот на Скопските клиники.

    Еден полицаец почина, друг се бори за живот, кумановец ги прегазил додека биле на работа

    Првата сообраќајка се случила ноќеска во 00,45 часот на регионален пат Куманово Свети Николе, во близина на крстосницата со нас.Ајдучка Чешма, кога патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во полициски службеник В.Ц. (37) и А.М. (25) кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност.

    Полицаецот В.Ц. починал на  лице место, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  

    С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово - Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).

    Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј.(42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

    С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.