Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две експлозивни направи, детонаторски каписли и куршуми биле пронајдени во куќа во Куманово.
Според информациите на МВР, против И.С. (43) од Куманово е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Минатата недела полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом на улицата „Среќко Пужалка“, при што биле пронајдени и одземени две експлозивни направи, две детонаторски каписли и 25 куршуми во различен калибар.