×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Екстра меин“ највисоко рангирана компанија по бонитет

    30.04.2018 10:13 | KumanovoNews

    Кумановската компанија „Екстра меин“ доби специјално признание за највисоко рангирана компанија во Република Македонија според бонитет.

    „Екстра меин“ највисоко рангирана компанија по бонитет

    Стопанската комора на Македонија, традиционално како и секоја година и оваа, додели награди и други признанија на компании членки кои во изминатата 2017 година оствариле позитивни резултати во работењето врз основа на однапред утврдени критериуми.

    Од компанијата велат дека оваа награда им значи многу, затоа што го потврдува нивниот квалитет во работење.

     „Признанието значи верификување на досегашните залагања на тимот кој го води „Екста меин“, но истовремено и обврска за понатамошни успеси и квалитет на нашите производи за нашите редовни потрошувачи, заради кои постоиме 24 години. Висок бонитет значи сигурна компанија која настапува со доверба пред домашните и странски партнери. Сакам да ја искористам оваа прилика и да им се заблагодарам на нашите потрошувачи за довербата во изминатите години и да им го честитам празникот 1 Мај, и да ги повикам да го прослават со нашите прозводи„, - изјави Стојанка Стојковиќ директорка на „Екстра Меин“.

    „Екстра меин“ во своите речиси две децении постоење, разви и усвои софистицирана технологија за преработка на месо, континуирано инвестира во високотехнолошка опрема за преработка. Согласно бонитетниот извештај добиен од Coface –Хрватска, бројот на вработени за 4 години е пораснат за 40%. И покрај сложената економска ситуација, е една од највисоко рангираните компании во Република Македонија според бонитетот.

    Награди и признанија во 11 категории добија 15 компании членки на Стопанската комора на Македонија.

    При врачување на наградите и признанијата претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, констатираше дека наградата ќе биде поттик и обврска за наградените компании, а предизвик за останаите за натамошно докажување и постигнување на уште подобри резултати.