500x100-1
09. 09. 2019 10:38

Есенска дератизација во Општина Куманово

Есенска дератизација во Општина Куманово

 Во среда, четврток и петок (од 11.09.2019 до 13.09.2019), ќе се изврши дератизација односно  третирање против глувци на територија на Општина Куманово.

„Дератизација ќе се спроведе со постапување на мамки во отворите на шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода. Препаратот којшто ќе се користи за дератизација спаѓа во група на антикоагулантии, а ќе биде во облик на парафински блок, - соопштуваат од Општина Куманово.

Тие  ги предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај на нивно пронаоѓање да не ги допираат.

Доколку третманот не се изврши во предвиденото време, поради неповолно временски услови, истиот ќе биде продолжен наредниот ден.