Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЕВН Македонија започна кампања што ќе ја спроведува низ целата држава со цел да се информира јавноста за поволните услови што ги нуди во врска со плаќањето сметки за електрична енергија. Ова се однесува за изминатите дванаесет месеци.
Согледувајќи ја платежната моќ на нашите граѓани, и економската криза во светот, ЕВН Македонија донесе одлука да им излезе во пресрет на своите потрошувачи нудејќи им неколку можности за плаќање на заостанатите долгови. Сметките ќе можат да ги платат на рати со камата, или ако долгот го платат во целост, каматата нема да им се пресмета. Поволноста важи и за малите бизнис потрошувачи и за индустријата. Сите потрошувачи треба да потпишат договор со ЕВН во корисничките центри и отворенитре канцеларии со што ќе можат да ја искористат поволноста - рече Атанас Ковачевски потпарол на ЕВН Македонија.
ЕВН ги повикува граѓаните да се обратат во подружниците за се она што ги интересира,каде што ќе можат да добијат информации за одредени инвестиции,за реконструкција и сите работи кои се неопходни за подобро снабдување со електричната енергија. Тие најавија уште вакви кампањи особено за оние долгови што се стари и по неколку години со што значително ќе им го олесни плаќањето на своите потрошувачи.Одзивот на корисниците е многу голем. За десетина дена се потпишани илјадници договори од страна на малите бизнис потрошувачи и индустријата,но и иселениците кои живеат во странство и имаат натрупано долгови по неколку месеци - велат од ЕВН.