×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Евроамбасадорот Жбогар ќе стане почесен граѓанин на Куманово

    06.11.2018 15:57 | KumanovoNews

    Општина Куманово покрена иницијатива евроамбасадорот Самуил Жбогар да стане почесен граѓанин. Признанието ќе му биде доделено на свеченоста на Денот на ослободување на Куманово - 11 Ноември.

    Евроамбасадорот Жбогар ќе стане почесен граѓанин на Куманово

    - Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија едногласно го прифати предлогот на градоначалникот Максим Димитриевски, амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самуил Жбогар да биде прогласен за почесен граѓанин на Куманово. Тој предлог е веќе даден на Советот на Општина Куманово, за кој ќе се одлучува утре на седница, - изјави Сашо Милковски претседател на комисијата.

    Во иницијативата за прогласување на почесен граѓани стои дека амбасадорот Жбогар се покажа како вистински пријател на граѓаните на Општина Куманово, бидејќи со средства од ЕУ, а со негова поддршка, се изврши рехабилитација и изградба на канализационата мрежа во Куманово.

    - Својот придонес несомнено го даде и во подобрување на условите во образованието, преку реконструкција и адаптација на училиштата овозможувајќи квалитетен образовен процес, подржувајќи ја преспективата на младите. Лично сметам дека ангажманот кој господинот Жбогар го направи за градот Куманово се доволна причина за го предложиме за почесен граѓанин со цел и надеж дека оваа соработка ќе продолжи во иднина и со уште поголем инетензитет, - стои во образложението на иницијативата од градоначалникот.

     Куманово има уште двајца почесни граѓани.  Поранешниот американски амбасадор Лоренс  Батлер, кој имаше голема улога во зачувување на мирот во време на конфликтот од 2001 година во регионот беше прогласен од градоначалникот Слободан Ковачевски, додека специјалната претставничка на УНДП и амбасадорка на ОН Лујза Винтон  стана почесен граѓанин на предлог на градоначалникот Зоран Дамјановски.