×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фалат доктори во Кумановската болница, ќе се примаат нови по локалните избори

    06.09.2017 09:25 | KumanovoNews

    Педесетина доктори специјалисти недостасуваат во Општата болница Куманово, во која што лекарска услуга добиваат околу 200.000 пациенти од североисточниот регион.

    Фалат доктори во Кумановската болница, ќе се примаат нови по локалните избори

    Во болницата во моментот работат 75 специјалисти, а голем дел од нив се пред пензија или над 50 годишна возраст.

    „Фалат лекари во сите сегменти, но најалармантно е во анестезиолошката служба, потоа инфектолози, радиолози, имаме само еден специјалист по физикална медицина, во лабораторијата фали специјалист, на гинекологија фалат лекари. Добро се екипирани само интерното оддление и хирургија. Колку е поголема екипираноста на стручниот кадар, толку е подобар квалитетот на здравствената услуга“, изјави директорката Снежана Захариева.

    Во болницата има 660 вработени, но и голем недостиг на друг стручен медицински персонал. Болницата има потреба и од општи лекари за дежурства во Ургентаната амбуланта, како и медицински сестри, техничари, болничари, па и хигиеничари.

    Новата директорка се надева дека Министерството за здравство ќе има разбирање за проблемот и ќе ги распише ургентно потребните специјализации.

    „По локалните избори ќе се распише конкурс со кој ќе се примат нови доктори. Работиме на проблемот, кадарот не е проблем само во Куманово туку во целата држава, со исклучок на Скопје, сите други градови кубурат со лекари, медицински сестри и останат помошен персонал. Мислам дека има околу 400 невработени лекари во Македонија и сите ќе го најдат своето место, но мора да знаете дека специјалисти многу тешко се прават, треба дополнителна едукација од 4-5 години, дојдовме во една состојба кога многу млади лекари заминаа во странство. Тој тренд на заминување мора да го спречиме, да им дадеме специјализации и да ги мотивираме“,- изјави д-р Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство.

    Кумановската болница како регионален центар пружа здравствени услуги на пациентите и од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Липково.