500x100-1
15. 12. 2010 17:25

Фатен фантомот што оштетувал цркви

Фатен фантомот што оштетувал цркви

Ч.Н.(52) од кумановското село Клечовце е фантомот кој крадел, оштетувал и палел цркви вокумановските села, а уништувал и надгробни споменици на градските гробишта во Куманово.

Пријавениот украл 19 икони во црквите „Свети Ѓорѓи„ во селото Клечовце, „Свети Спас„ во Шупли Камен, „Света Недела„ и м.в. Самовилска вода во селото Зубовце. Украдените икони биле на, кои биле пронајдени и одземени при претрес на неговиот дом. Фантомот кој крстраел по селските верски објекти, често се изживувал и врз црковниот инвентар и иконите, крстовите и металните свеќници, кои во дворот ги кршел, оштетувал и расфрлувал наоколу.

Насилникот бил откриен при последниот случај пред неколку дена, кога во црквата Света Недела во селото Зубовце ја запалил помошната просторија, а пламенот се прошилрил и целосно изгорел кровот на црквата, досека иконите и инвентарот на црквата се опожарени. Ч.Н. пред тоа насилно влегол во дворот на цркавата и ги извадил крстовите и го подметнал пожарот.

Насилникот од порано и е познат на полицијата и има кривични пријави за сквернавење на гроб, бидејќи на гробишата во Куманово оштетил надгробни плочи и се потпишал како фантом.

Истраѓен судија од кумановскиот суд му одреди притвор во траење од 30 дена, под сомнение дека сторил две тешки кражби и оштетување на туѓи предмети.