×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • FedEx и во Куманово!

    19.03.2010 08:55 | KumanovoNews

    Во Куманово почна да работи познатата светска компанија FedEx, која врши експресна меѓународна испорака на документи и пакети по принципот од врата до врата.

    FedEx и во Куманово!

     На територијата на Македонија оваа компанија функционира последните десетина години, а од неодамна и граѓаните на Куманово имаат можност да ги користат услугите, особено оние кои имаат семејство и пријатели во странство.

    Нашите услуги главно се интересни за луѓето кои работат во Ирак и Авганистан, бидејќи на многу брз и едноставен начин можат да ги достават своите пакети и писма.Нашето искуство покажува дека тие посебно се заинтересирани за поголемите пратки, главно пакети со лични работи кои им се доставуваат на домашна адреса и не мора како порано да одат по нив во Скопје. За фирмите кои работат со странство вршиме достава на документи и примероци од производни програми, најчесто од чевларската индустрија, но и со сите други што имаат потреба од нашите услуги. Со отварање на претставништвото на FedEx во Куманово, сега сме поблиску до нашите клиенти и секојдневно ја зголемуваме соработката и ја зацврстиме меѓусебната доверба.Нашето работно мото е: Брзо, безбедно и навремено доставувањена вашите пратки во секое време и на секое место - вели Горан Поповски, претставник на FedEx во Куманово.

    За голем дел од Западно-Европските земји FedEx врши достава само еден ден откако е испорачана пратката без разлика на одалеченоста на државите. За пратките кои одат за САД, FedEx врши достава од максимум 48 часа, до одредена институција, компанија или лице назначено во тобарниот лист. Транзитното време за доставување на пратките во Азија,земјите од Средниот Исток, Африка и Австралија се за два до три работни дена. Сите заинтересирани за услугите на оваа компанија подетални информации можат да добијат на телефон 075 480 801 во Куманово или  на 02/ 3111116 во Скопје.