×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фестивал на новиот германски филм во МКЦ „Козјак“

    13.05.2019 17:57 | KumanovoNews

    Во салата на МКЦ „Козјак“ од утре 14. до среда 22. мај ќе се одржи 14. Фестивал на новиот германски филм.

    Фестивал на новиот германски филм во МКЦ „Козјак“

    На програмата се 9 филмови во различни жанрови: драма, трагикомедија, комедија, семеен, детски, документарен филм и серија на кратки филмови.

    „Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали. Еден од филмовите беше и во конкуренција за награда „Златна мечка“ на престижното Берлинале“,- велат огранизаторите.

    Во деновите на фестивалот ќе бидат прикажани филмовите: „100 работи“, „Жешко столче“, „Во време кога светлината згаснува“, „Исход на вистината“, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“, „Помош ги смалив родителите“ и „Серија кратки филмови“.

    На отварањето на Фестивалот се очекува да присуствуваат и да се обратат амбасадарот на Германија Томас Герберих и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

    Фестивалот се организира со подршка на Германската амбасада и Советот на Општина Куманово, по повод одбележувањето 500 години постоење на Куманово.

    Филмските проекции ќе започнуваат во 20 часот во МКЦ „Козјак“ Куманово, а ќе има и организирани проекции за ученици.

     Фестивалот се одржува секоја година во десет општини во Република Северна Македонија и тоа: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.