500x100-1
08. 10. 2019 11:48

Филип Колевски нов претседател на Сојузот на спортови во Куманово

Филип Колевски нов претседател на Сојузот на спортови во Куманово

Филип Колевски е избран за нов претседател на Сојуз на спортови Куманово, на вчерашното изборно собрание.

Колевски е долгогодишен тренер во Атлетскиот клуб Куманово и професор по физичко воспитување во основното училиште „Крсте Мисирков“.

 Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Сашо Петрушевски.

 На собранието делегатите го избраа и новиот управен одбор:

Марјан Петровски (претседател на „Вело М“)

Ивица Ѓорѓиевски ( претседател на училишен спорт)

Фадиљ Шабани (директор на ЈП „Куманово Паркинг“)

Југослав Спасиќ (професор по физичко образование во ОУ „Крсте Мисирков“)

Александар Јовановиќ ( директор на ОУ „Крсте Мисирков“)

Зоран Јосимовски ( професор по физичко образование во Гимназија „Гоце Делчев“)

Проф Др Иса Аслани (професор на Тетовскиот универзитет)

Александар Крстевски ( претседател на Кошаркарски клуб Куманово)

Надзорен одбор:

Ирена Илиевска ( Општина Куманово)

Филип Додевски ( сопственик на Филанд)

Ненад Стојановски ( член на управен одбор на КК Куманово).