×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Финишира проектот „Традицијата низ слики“

    04.07.2019 07:19 | KumanovoNews

    При крај е реализацијата на проектот „Традицијата низ слики“, кој го имплементира здружението на жени „Коло на српските сестри од Куманово“, во соработка со здруженијата „Мајка“, Сирма и Куманово-виор.

    Финишира проектот „Традицијата низ слики“

    Во проектот се вклучени 11 жени и четворица мажи, кои во изминатите четири месеци поминаа четири работилници за обука и 16 работилници за изработка на витраж на стакло.

    „Сликаме стари предмети од старите занаети за да на овој начин ги сочуваме од заборав, преку новата техника. Изработени се 120 предмети за кои ќе се изработи каталог. Во септември ќе организираме продажен базар, а прибраните средства ќе бидат наменети за обучените учесници во проектот, кои се на возраст од 25 до 35 години и не се вработени, за да обезбедат матерјал и во домашни услови  да творат и да работат, за да обезбедат одреден приход за свеото семејтво, - изјави Живка Христовска, координатор на проектот „Традицијата низ слики“, во рамките на регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан, финсирана од ЕУ.  

    Проектот е поддржан од УНДП и локалната самоуправа Куманово.