×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Физикална ќе се пресели во хируршките амбуланти, додека да се изгради новиот рехабилитационен центар

    07.06.2019 10:18 | KumanovoNews

    По пуштањето во употреба на новиот Ургентен хируршки центар во Куманово, одделението за физикална медицина и рехабилитација ќе се пресели во зградата каде што сега се наоѓаат хируршките амбуланти.

    Физикална ќе се пресели во хируршките амбуланти, додека да се изгради новиот рехабилитационен центар

    Со тоа ќе се подобрат условите за работа на пациентите и вработените, кои со години наназад се катастрофални, но нема целосно да се реши проблемот, бидејќи за оваа медицинска гранка се потребни специјални просторни и технички услови.

    „Со повлекување на хириршките амбуланти од објектот каде што сега сме сместени ќе отвориме простор за службата за физикална терапија, која со години работи во субстандардни услови и сметаме дека тоа го заслужуваат“, -  изјави директорката Снежана Захариева.

    Општата болница Куманово има дозвола за изградба на современ регионален центар за физикална медицина и рехабилитација, со базен за хидротерапија на површина од 600 кватрати, за кој веќе се платени комуналиите, но нема пари за изградба.

    „Не можеме за кратко време да се очекува да се реши тој проблем од страна на Министерството за здравство. Разговаравме со директорката, веднаш по пуштањето на Ургентниот центар ќе се ослободи еден дел, кој може во еден одреден период во услови многу подобри од сегашните да функционира оддделението за физикална терапија, меѓутоа не се откажуваме од проектирањето и изградбата на нов центар за физикална терапија, - изјави вчера министерот Филипче.

     Директорката Захариева додава дека се потребни големи средства за изградба на овој објект, а тие покрај од Министерството за здравство бараат помош и од невладините организации.

    Имаме уредна документација за градба, но се ќе зависи од финасиските средства“, - вели Захариева.

    Објектот во кој е сместен одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница Куманово, стар е 50 години и овде времето застанало во шеесетите години на  минатиот.

    „Дојдовме пред 17 години како привремено решение и уште сме тука. Објектот буквално се распаѓа. Не дихтуваат прозорците ни вратите. Иверките од бараката попуштиле, па меѓу нив има дупки.  Простор е мал, а инвентарот е стар повеќе од 40 години“, се жалат вработените.

       Објектот не е реновиран и не може да се реновира затоа што му е изминат векот на траење. Одамна не одговара на капацитетот и на бројот од 200.000 жители од Североисточниот Регион. Покрај од околината на Куманово, лекарите велат дека имаат пациенти и од Крива Паланка, Кратово и Свети Николе.

    Ниту просторните услови одговараат во смисла на површина, бидејќи има само 280 квадрати, ниту пак распоредот на просториите за работа на физикална терапија. Нашата професија е специфична, не е потребна само ординација. Ни треба посебна сала за вежбање, соба за работна терапија, соодветни боксови за работа со пациентите, надгледни средства, справи, душеци. Ние имаме манипулација со прегледи, работа со апарати, пациентите мораат да легнат. Како што сега е организирана бараката, со овие простории воопшто не одговара. Единствено што е ново на одделението се новите апарати што се купени лани. Ние бевме приморани да дојдеме тука, бидејќи работевме на уште полошо места во подрумските простории на хирургија, каде двапати не поплавија фекалии“, вели д-р Славчо Филиповски, специјалист по физикална медицина и рехабилитација.

    На одделението за физикална терапија работат вкупно 23 лекари и медицински сестри, а дневно опслужуваат од 200 до 240 пациенти, кои доаѓаат во придружба на најмалку двајца, бидејќи се болни и неподвижни. Затоа, секој ден врие од луѓе во тесните ходници и амбулантите. Лекарите велат дека нивното одделение е најпродуктивно и најпрофитабилно, ја имаат потребната апаратура, но не можат да овозможат подобри услови за работа со пациентите.