×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Фламенко гитарата може се се радува, но и да плаче“ !

    21.01.2010 13:04 | KumanovoNews

    Изведбата на фламенко музика блиска до автентичност е специјалност само на свирачи родени за тоа. Луѓе со уво за фламенкото тврдат дека Томислав Нешковски е висока класа гитарист, токму за овој вид музика.

    „Фламенко гитарата може се се радува, но и да плаче“ !

    Се родил и израснал со гитара во рацете во старото Турско маало во Куманово пред 56 години, а со звуците на шпанската музика се „инфицирал„ на својата 20-годишна возраст. Во тоа време, вели дека девојките страшно се „палеле„ на мексиканска музика и паѓале во транс на „Ку-ку-руку-ку“  „Малагенија“ или „Палома бланка“. Немало серенада без гитара и шпанска музика. Томе е постојано со гитарата в раце, а во душата е  голем уметник. Свири класична гитара, слика портрети и пејсажи во сите техники, а блиско му е и вајарството. Како таков, патем е и голем човекољубец.

    „Овој град има многу нешта со кои може да се гордее, ама го има и Томе. Чувајте го, голем уметник и човек е“ -  ми вели познат политичар од Скопје, по завршувањето на новогодишниот концерт на Нешковски во киното „Козјак“.

    Со своите пријатели остатокот од ноќта го минале во кафеана со вино и со фламенко-музика. Раскажуваат дека ноќта со Томислав Нешковски и неговата гитара ја доживеале Андалузија. Со доза на блага љубомора, барам од познатиот гитарист уште еднаш да ми зборува за гитарата и за фламенкото. Притоа го потсетувам на онаа ноќ пред години во мај под расцутена стара цреша, кога на приватната забава на едно поднапиено интимно друштво со гитарата ги расплака другарите. Од таа ноќ „смртно“ сум вљубен во Шпанија и шпанската музика на гитара.

    „Да, овој инструмент може и да убие!. Жив да умртви, мртов да оживее!. Фламенко - гитарата може да раскажува, да ги обликува страстите и чувствата, може да пее, да плаче, да се радува и да тагува, да те смирува и да ти ја зоврива крвта“ - раскажува Нешковски.

    Кумановци сакаат фламенко музика. Тоа се покажа и на новогодишниот концерт на Нешковски. Салата беше полна.Имаше гости и од Скопје. Штета што терминот се совпадна со католички Божиќ, инаку ќе дојдеа и од амбасадата на Шпанија. Но, има време и шанси.

    „Од дете сонувам за Шпанија и за Андалузија, но за сега најреална и приоритетна шанса ми е Малта, а потоа ќе видиме“ - вели Томислав.

    Во Македонија нема леб за уметници. Кој овде сака да се „заморува“ со некакви свирачи на фламенко музика. Од ѕвездите на политиката и на бизнисот Македонија нема ниту време ниту пари за вистинска уметност. А можеби самите сме виновни зашто толку многу не има. Оваа држава како од Господа да е дадена да раѓа одвишок уметници. Но, Господ што е, никој не е. Визите се укинати и можеби напролет ќе му се насмее среќата со неговата гитара да го видат на некое од музичките светилишта низ Европа.?

    (Ст.Б.)