×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фолклористите од Меѓународниот фестивал на прием кај градоначалникот

    17.07.2019 14:46 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска организираше прием за учесниците на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, кој синоќа започна во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Фолклористите од Меѓународниот фестивал на прием кај градоначалникот

    При тоа им се заблагодари за учеството и им посака пријатен престој во нашиот град.

     „Првата вечер имавме можност да видиме сериозни учесници, претставници од 4 држави, три од регионот и гостите од Колумбија, како и гостите од нашата држава. Се надевам дека и наредните година ќе продолжиме да ја негуваме традицијата и фолклорот. Повеќе од сигурен сум дека овој фестивал ќе стане традиција, бидејќи го гледам ентузијазмот со кој овие луѓе работат, а Општината ќе даде поддршка за да истиот се негува и стане сериозен фестивал, по кој Куманово ќе стане препознатлив,- изјави Димитриевски.

    Гостите не го криеа воддушевувањето од  еколкуденвниот престој во Куманово.

    „Луѓето вчера беа многу среќни и уживаа во нашата музика, танцот и колоритот на нашите костими, тоа целата група ја правеше да се чувствува како дома. Добро е да се биде тука.  Вечерва повторно ќе настапиме со колумбискиот танц „Карибиан“ и исполнет е со звукот на тапанот и се надевам дека ќе ви се допадне. Имаме многу густ распоред и од тие причини не можеме да го запознаеме целиот град, а сакаме воедно и да го посетиме главниот град, - изјави Паола Андреас Саласар, директор на Компанија Артистика „Мангаларес.

    Презадоволни од амбиентот и што го виделе, како и од гостопримството на домаќините од КУД „Панче Пешев“ се и гостите од КУД „Јабланичко коло“ од Лебане.

    „Ќе бидеме тука четири дена. Сите ансамбли се квалитетни, дури успејале да доведат и ансамбл од Колумбија, што е голема работа за овој регион. Се надевам дека овој фестивал ќе трае многу години. Ние во Лебане имаме сличен фестивал, но со натпреварувачки карактер , кој го организираме веќе 10 години, така да играорците „Панче Пешев“ ќе бидат наши гости, - изјави Томислав Јовиќ, претседател на КУД „Јабланичко коло“ од Лебане.

    Учесниците и градоначалникот, во честа на фестивалот засадија дрво на градскиот плоштад пред  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

     Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ продолжува вечерва во Центарот за култура во 19.30 часот, а ќе настапат ансамблот „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ - Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ - Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ - Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ - Белград.