500x100-1
16. 12. 2010 10:12

Форум за безбедно користење на земјоделска механизација

Форум за безбедно користење на земјоделска механизација

 Федерацијата на фармерите на РМ денеска од Куманово ја започнува едукативната кампања „Правилно користење и управување на земјоделска механизација - Кабина или сопствен живот“.

 Станува збор за кампања која за првпат се спроведува во Македонија и е од посебно значење и важност за земјоделството со цел да се намалат големиот број на несреќи кои се случуваат поради неправилно користење на трактори, комбајни и приклучна механизација, како и намалување на бројот на повредени лица кои користат механизација за извршување на земјоделската работа.

 Во рамките на кампањата ќе се реализираат пет едукативни форуми низ различни градови  низ државата, така што првиот едукативен форум е во Куманово. На форумите ќе присуствуваат фармери, експерти од Факултетот за земјоделски науки за храна - Скопје и стручни лица од МВР, Министерството за економија, како и претставници од средните земјоделски училишта и компании за земјоделска механизација.

Кампањата се спроведува под слоганот „Кабина или сопствен живот“ и е поддржана од Норвешка амбасада и Норгесвел.