×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фото клуб Куманово организира бесплатна фото школа

    30.08.2018 11:55 | KumanovoNews

    Фото клубот Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

    Фото клуб Куманово организира бесплатна фото школа

    Фото школата ќе трае од октомври до јуни наредната година, а тематски ќе биде поделена на два дела:

    Првиот дел ќе опфаќа предавања од историјата и филозофијата на фотографијата како и техничките (аналогна фотографија и филм, бленда, експозиција, ISO сензитивност, фокус) и естетските (кадар, композиција, боја, текстура и сл.) сегменти на фотографската уметност.

    Вториот дел од школата ќе биде посветен на дигитална манипулација со фотографии и користење на Adobe Photoshop.

    За време на фото-школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари дружења во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување на курсисте до актуелните трендови во уметничката фотографија. Планирани се и напредни фото курсеви на теми како црно-бела (noir) фотографија, астрофотографија, фотографски звања и др, - соопштуваат од Фото клуб Куманово.

    Предавањата ќе ги држи искусниот фотограф Владимир Јовановски, заедно со членовите на фото клуб Куманово – Марина Крстиќ, Александар Драгишевски и Стефан Илиевски. Предавањата ќе бидат одржувани во просториите на фото клуб Куманово на адреса: Титова Митровачка бр.2, нас. Гоце Делчев, Куманово.

    Курсистите што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс издаден од страна на фото клуб Куманово и со тоа ќе добијат право да станат членови на клубот. Пресек од најуспешните фотографии на курсистите ќе биде изложен на Малински фото фестивал 2019.

    Уписите се до 1 октомври.

    Повеќе информации на: [email protected].