×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фотоволтаични системи се поставуваат на три јавни објекти во Старо Нагоричане

    13.03.2019 14:32 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане е една од 36 општини во државата каде се поставуваат фотоволтаични системи во јавни објекти.

    Фотоволтаични системи се поставуваат на три јавни објекти во Старо Нагоричане

    Општинско-административна зграда, основното училиште „Светозар Марковиќ“ и Тренинг центарот, се јавните објекти во Старо Нагоричане, каде се поставуваат фотоволтаични системи, согласно Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската унија.

    „Со инсталирањето на фотонапонски системи ќе се направи значајна заштеда на електричната енергија кај овие објекти со што ќе се намалат трошоците на Општината. Истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија и ќе продолжи имплементацијата на стратешките цели на Општината за енергетска ефикасност  и заштита на животната средина“, - изјави градоначалничката Жаклина Јовановска.

    Средствата за фотоволтаични системи ги доделува Министерство за финансии,  преку Проектот за подобрување на општински услуги, има на располагање грант од 2 милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската унија.

    Фотоволтаични системи за јавни објекти ќе добијат 36 општини од четири региони во државата.