×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фрчковски: Владата да не тера инает на стечајците

    23.01.2010 14:42 | KumanovoNews

    Професорот Љубомир Фрчковски денеска ја повика Владата да не води инат на стечајците, туку да покаже солидарност и да ги посети што побрзо за да најде решение за нивниот проблем, бидејќи луѓето штрајкуваат со глад веќе втор месец.

    Фрчковски: Владата да не тера инает на стечајците

    -Упатувам апел до политичката гарнитура за која јас немам никакви симпатии, а тоа е оваа Влада. Мислам дека грешат и кон своите граѓани треба да покажат солидарност, наспроти се. Државата тера инает со нив, оваа гарнитура политичари рекла не, и сега знаете какви се, тоа се деца кои се инаетчии и сега не сакаат да го кршат зборот. Меѓутоа луѓето страдаат, не можат да бидат така арогантни, ова не е играчка. Еве да не се чувствуваат толку навредени што можеби ќе си го прекршат зборот и ќе им помогнат на луѓево, а има начин, не се работи за големи пари. И во целава криза тие можат тоа да го средат без проблем- изјави Фрчковски по средбата со стечајците.

    Тој најави дека ќе собере група професори кои ја правеле приватизацијата за да ја расчисти дилемата дали стечајците останале без работа од привани или државни фирми.

    -Тоа префрлување од жртви на државна приватизација во жртви од приватните менаџери е една нечесна игра која Владата ја прави кон нив. Ја не знам за колкав број се работи и зошто Владата се плаши? Ќе излезе дека околу 5000 стечајци се најпогодени и тоа се мали пари во однос на другите трошоци што ги прават, а имаат и правна основа. Значи, не е ова некој подарок од нив туку е навистина решавање на нивниот проблем за кој имаат право луѓето- рече Фрчковски.