×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Газда на штипска менувачница перел пари во Куманово

    01.02.2011 14:08 | KumanovoNews

    Р.М. (47), сопственик на менувачница “Бобо Компани“ во Штип е осомничен за перење пари,бидејќи во неговото ауди биле пронајдени поголема количина на денари и девиз со фиктивни документи.

    Газда на штипска менувачница перел пари во Куманово

    Пријавениот на трети јануари годинава, во Куманово, додека управувал со возилото, неговиот совозач преку отворен прозор на непознато лице му дал најлонска кеса. На знак од полицијата да запре тој се дал во бегство, и околу 13,00 часот бил фатен во Свети Николе. При извршениот претрес во возилото биле пронајдени 2.171.850 денари, 86.000 швајцарски франци, 39.000 американски долари и фиктивни образци и потврди за книжење на трансакциите. Од преземените мерки е утврдено дека пријавениот со цел да го прикрие потеклото и сопственоста на паричните средства изготвил фиктивни образци и потврди за книжење на трансакциите во кои внесувал невистинити матични броеви на граѓани кои наводно менувале денарски и девизни средства во  неговата менувачница.