×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ги одвел на гроздобер, па го скршиле од ќотек

    16.09.2010 08:32 | KumanovoNews

    Славе Пешевски (52) од Куманово бил претепан од негови пријатели Љупчо Трајковски(34) и Борко Арсовски(53) во селото Младо Нагоричане,поради што со сериозни повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

    Ги одвел на гроздобер, па го скршиле од ќотек

    Инцидентот се случил завчера во 3 часот по полноќ, откако тројцата пријатели под дејство на алкохол прво се скарале, а потоа се испотепале. Тие вечерта во 23.30 часот со невенчаната сопруга на Славе и нејзиниот син со такси заминале во неговата куќа во селото Младо Нагоричане за да наредниот ден берат грозје. Уште пред да тргнат на гроздобер почнале да пијат, а продолжиле и кога стигнале во куќата.Околу три часа Борко и Љупчо почнале да се расправаат со Славе затоа што тој некогаш го истепал Љупчо, поради што му останале трајни последици. Расправијата прераснала во физичка пресметка помеѓу Љупчо и Славе, во која Борка се вмешал да ги раздели. Во општата мешаница Славе го удрил Борко, по што овој се налутил и заедно со Љупчо крвнички го претепале.Потоа го сместиле во кревет и го оставиле да спие. Утрината кога се отрезниле и виделе што направиле се договориле ќотекот да го заборават и да не пријавуваат во полиција, а Славе го однеле во болница. Од извршениот лекарски преглед било откриено дека тепаниот му се скршени левата рака и нога, а има сериозни повреди на главата, поради што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Против Љупчо Трајковски и Борко Арсовски поднесена е кривична пријава за тешка телесна повреда и по итна постапка се предадени на Истражен судија во Кумановскиот суд.