×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијалци дел од проектот „Мисли критички-делувај мудро“

    28.04.2018 07:29 | KumanovoNews

    Ученици и професори од Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово, деновиве престојуваат во Шпанија како дел од проектот „Мисли критички-делувај мудро“ (THINK critically - ACT wisely) на Програмата Еразмус +.

    Гимназијалци дел од проектот „Мисли критички-делувај мудро“

    Во проектот се вклучени петмина ученици од втора и трета година, заедно со професорките Валентина Каранфиловиќ, координатор на проектот и Мери Маневска професор по англиски јазик, и од 21. до 28. април годинава ќе бидат на мобилност во Вила Реал -Шпанија.

    Ова е втор проект од Еразмус + програмата што се реализира во ова училиште.         

         „Темата на која што се работи во Шпанија е имиграција, причините за нејзиното настанување и мерките кои што треба да се преземат за таа да се намали и спречи. Учениците, заедно со менторите изработија презентации на темата, но ќе се прикажат и презентации од Македонија, Куманово и од училиштето“, - вели Валентина Каранфиловиќ, координатор на проектот.                                               

         Таа додава дека со ваквите проекти нашата држава, но и нашиот град се афирмира, учениците и професорите се запознаваат со нивниот образовен систем, бидејќи ќе посетуваат и часови во училиштето IES PROFESSOR BROCH I LLOP во Вила Реал.