×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гласајте за иднината на земјата и вашите деца, повика Костовски

    03.05.2019 13:49 | KumanovoNews

    Во недела имаме можност да донесеме историска одлука да ја запечатиме европската иднина на нашата земја. Не смееме да седиме дома, со тоа ги казнуваме сите следни генерации. Нема веќе враќање назад, да се обединиме, сложно и решително да зачекориме напред, порача Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.

    Гласајте за иднината на земјата и вашите деца, повика Костовски

    „Мораме по 10 години да добиеме претседател кој ќе работи во интерес на државата и народот. Сигурно чекориме кон Европа, којашто во јуни ќе ги отвори фондовите за инфраструктура, образование, за здравство и за младите. Да продолжиме по тој пат, на 5 мај да го заокружиме бројот 3, да гарантираме напредок и сигурна иднина, за одиме „Заедно напред“! Граѓаните ја имаат алатката во рацете за време на изборите. Ве замолувам да ги повикате сите што останаа дома и на 5 мај да излеземе и да гласаме за Стево Пендаровски. Ајде да застанеме заедно и да испишеме нова страница за нашата татковина. На 5 мај да ги оставиме настрана поделбите и да се сплотиме заедно и да донесеме одлука за напредната опција. Гласајте по сопствена воља на 5 мај, но гласајте за иднината на земјата и вашите деца. Силата на гласот е кај сите вас, а гласот е најсилен кога е на гласачко место. Да излеземе сите и да го подржиме Стево Пендаровски на 5 мај. Човек со кој заедно ќе продолжиме напред“, - изјави Костовски.