×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Глобална недела за вклучување на децата во образованиe

    19.04.2010 10:48 | KumanovoNews

     Под мотото „Една цел: Настава за сите„ од денеска започнува Глобалната кампања за вклучување на децата во образованието.

    Глобална недела за вклучување на децата во образованиe

     Во повеќе од 100 земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди ќе се здружат со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што ќе имам забавен карактер  ова многу важно прашање, се настојува да влезе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.

    Во нашата држава секојдневно се среќаваме со деца, кои на различни начини се лишени од нивното основно право: правото на образование. Од голема важност е државата да им го обезбеди ова право на сите деца - сметаат од  „Меѓаши“, која е носител на кампањата кај нас.

    За време на еднонеделната кампања која ќе трае до 25 април, ќе бидат организирани неколку настани:

     1. Посветување на еден училишен час „Една цел: настава за сите“ што ќе се оддржи на 20 април во училиштата низ државата. На часот ќе се објасни дека многу деца и возрасни не знаат да читаат и пишуваат бидејќи никогаш не биле на училиште.

    2. Јавна расправа – Форум поврзан со Образовната инклузија на децата кои не одат во училиште. Целта на овој форум е да се анимираат сите релевантни фактори кои можат да придонесат за надминување на проблемот со децата кои не се вклучени во редовниот образовен систем, како и да се обезбедат механизми за нивно вклучување.

    3. Посета на Министерството за финансии кое како надлежна институција ги изработува државните буџети од кои се финансира јавното образование. Планирано е да се оствари посета на Министерот за финансии со неколку деца од Дневниот центар, деца членови на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, модераторите на форумот, претставници на Детската амбасада и др.