Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.З.(35) од с.Пчиња заработи кривична пријава за фалсификување исправа, поради тоа што го фалсификувал документи и потпис на неговата баба за да може да добие бесплатен мобилен телефон.
Продавачката М.Ј.(26), вработена во продавница „Хенди тел“ во Куманово, што му помагала да ја реализира замислата, ќе одговара за кривично дело „фалсификување службена исправа“.
Според полицискиот извештај, М.З. во текот на 2008 година во наведената продавница склучил два договори за користење на бесплатни мобилни телефонски апарати во име на неговата баба и со нејзини документи, притоа фалсификувајќи го нејзиниот потпис. Продавачката, иако знаела дека потписот е фалсификуван истите ги заверила во продавницата и му овозможила да ги користи апаратите.