×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го пробол братот со нож во дланка

    23.01.2010 13:45 | KumanovoNews

     Во братска пресметка вчера со повреда во дланката се здобил Т.В.(44) од населбата Карпош. Расправијата помеѓу браќата С.В.(47) и Т.В.(44) започнала  во 07.00 часот во семејната куќа на ул.„60“, поради нерасчистени имотно-правни односи.

    Го пробол братот со нож во дланка

     Во еден момент С.В. со кујнски нож  го повредил Т.В. во пределот на левата дланка, по што истите продолжиле да се тепаат со тупаници и клоци удирајќи се во пределот на телата и главите.

      Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово, при што се подигнати траги од крв и кујнски  нож  и истите  ќе бидат доставени на вештачење. Повредениот Т.В. е пренесен во Кумановската болница заради укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Куманово извршен е разговор со С.В. и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.